Манганиело и Вергара се верија на Божиќ 2014 година, а пред тоа се забавуваа само 6 месеци.

Но тој вели дека и пред да бидат заедно, како да знаел дека таа е вистинската жена за него.

Првиот потег го направил уште пред 44 годишната Вергара да соопшти дека ја раскинала врската со Ник Лоеб.

А кога таа се раздели од Лоеб, и кога Џо слушнал дека е слободна, тој ја прелетал цела Америка за да ја покани Вергара на состанок!

За годишнината и напишал книга од 40 страници! 

Ова 40 годишниот Џо Манганиело го откри за најновиот број на „Космополитан“.

- Кога дознав дека е слободна, веднаш го најдов нејзиниот телефон од Џеси Тајлер Фергусон ( колега на Вергара од серијата „Модерно семејство“) и одлетав до Њу Орлеанс за да ја изведам на состанок - вели Џо.

По овој состанок тие се забавуваа 6 месеци, се верија, а во ноември 2015 стапија во брак.

Џо вели дека откако ја запознал Софија како сочувствителна и внимателна жена, не ни помислил дека му треба повеќе време да ја земе за сопруга.

- Јас и Софија секогаш го ставаме доброто на другиот пред сопственото. На годишнината и напишав 40 страници за тоа како сме се запознале, за нас... ја сакам мојата сопруга многу! - вели актерот.

'I love my wife a lot': He also admitted he wrote Sofia a 40-page book for their one year anniversary, which confessed his love and discussed their initial romance

- Најдобриот совет што сум го добил за жените доаѓа од мој добар пријател. Тој ми рече: Кога ќе дојде до кавга, дали сакаш да бидеш во право или среќен! Јас секогаш избирам да бидам среќен! - вели Манганиело.

Софија Вергара ја заслужи титулата на најплатена ТВ актерка според рангирањето на Форбс - за улогата на Глорија Притчет во серијата „Модерно семејство“ која се емитува веќе осма сезона, таа заработи 43 милиони долари.

Image result for модерн фамили

Датум на објава: вторник, 07 март 2017 во 12:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар