Во последното интервју Колинс објаснува дека не се смета за многу богата, бидејќи такпви се луѓето со „проклети“ пари, а таа такви нема. 

Интервјуто за британски медиум, беше направено за да се промовира новиот филм на Џоан Колинс „ The Time Of Their Lives“ , во кој таа игра возрасна жена која бега од дом за стари лица за да присуствува на погребот на поранешниот сопруг.

Но, неколку пати разговорот излезе од контрола поради прашања кои не и се допаднаа на актерката, меѓу кои прашањата колку години има, дали со возраста станала посмирена, и која ќе биде последната авантура во нејзиниот живот.

На првото прашање таа возврати со истото прашање до новинарот, и го праша дали неговата возраст е причината што тој не е во ред, на второто одговори одречно а на третото рече:

- Дали навистина ова е прашање? Вие зборувате глупости! Јас го живеам мојот живот и не би можела да го живеам поисполнето од сега!Image result for joan collins before after

Датум на објава: вторник, 07 март 2017 во 12:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар