Средбата доаѓа по почетната нетрпеливост меѓу двата лидери. По телефонскиот разговор по инаугурацијата на Трамп во јануари годинава, Меркел јавно ги поддржуваше политиките кои Трамп ги критикува. Таа не се согласува со забелешките на Трамп дека НАТО е застарена организација. Меркел исто така е поддржувач на мултилатералната трговска агенда која Трамп ја преиспитува.

За време на претседателската кампања, пак, минатата година, Трамп оцени дека политиката на отворени врати за бегалците на Меркел е „лудачка“.

Датум на објава: сабота, 04 март 2017 во 11:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:07

коментари

остави коментар