„Побарав од претседателот да размисли за одлуката, да ја повлече во интерес на сите граѓани на земјава и како што е наведено и во Уставот да го довери мандатот на кандидатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот. Ова е Уставот на оваа земја и очекуваме да биде почитуван,“ рече Могерини.

Верувам дека политичките лидери ќе најдат разумно решени за оваа институционална и политичка криза, рече Могерини. Дека Унијата останува отворена за Македонија и нејзините граѓани шефицата на европската дипломатија истакнала и средбите со политички лидери во Собранието.
Претседателот да се предомисли очекува и претсдателот на СДСМ, Зоран Заев. Вели 67-те потписи се демократска основа да се довери мандатот за состав на Влада.

„Оттука, првиот чекор е Иванов да ја преиспита својата одлука и да ги почитува овие 67 мандати за да може да се придвижат процесите. Давањето мандат не значи со сигурност дека ќе биде формирана влада, но тоа е патот по кој треба да се движат процесите во Македонија“, рече Заев.

Лидерот на социјалдемократите без прецизен одговор кој ќе биде следниот чекор на партија. Додека од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски пред Могерини повторил изборите се најдобриот начин за надминување на кризата.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено и незадоволство од платформата на премиерот на Албанија, Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Воедно беше истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на „победник со победник" по изборите“, стои во соопштението од партијата.

ДУИ ќе остане посветена на постигнување на политички решение за моменталната состојба во земјава, истакнал лидерот на партија, Али Ахмети на средбата со Могерини.

„Институционалната и системска криза не смее да се претвори во етничка криза и ние ќе останеме посветени за да се постигне политичко решение. Владеењето на правото, владеењето на законот, веродостојни институции, заокружување на Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и добрососедски односи како и интеграцијата во НАТО и ЕУ се нашите приоритети“, нагласил Ахмети во разговорот со високата преставничка на Унијата.

Конструктивност во решавање на состојбите најави и првиот човек на Движењето БЕСА. Претседателот на Алијансата за Албанците порача дека неговата партија и понатаму стои зад платформата. Која пак за претседателот на ДПА, Мендух Тачи се покажала јалова.


Шефот на државата на Могерини и појаснил дека согласно Уставот нема да го назначи како мандатар за состав на влада секој оној којшто преговара за платформи на други држави со кои се загрозува суверенитетот, независноста и унитарноста на државата.

„Со пост-изборната платформа се руши Уставот и Охридскиот рамковен договор, а Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност од друга држава. Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава“, нагласи Иванов.

Претседателот истакнал дека ова е шанса Унијата јавно и јасно ад го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија.




Датум на објава: четврток, 02 март 2017 во 21:54
Јулијана Николовска
Обновено во: 22:48

коментари

остави коментар