Поради појава на магла видливоста е намалена на патните правци Гостивар-Кичево од 30-50 метри, Маврово 50, Виница-Берово 50 и на планинскиот превој Плетвар од 50-70 метри.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. /МИА

Датум на објава: понеделник, 20 февруари 2017 во 09:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар