Петок како ден во Центарот за слепи лица во Црвениот Крст е посветен за уметност. Мишела Тумбовска според неделната програма напишана со Браевата азбука во овој центар ќе изработува честитки за осми март.

Денеска е светски ден хуманите дела, во центарот волонтерите работат со слепите лица. Секој ден имаат различна активност.

Од Црвениот Крст велат дека секој ден од 11 до 17 часот слепите лица имаат различни активности, што многу им помагаат. Од компјутерски вештини до уметност.


Мишела раскажува дека нивниот свет е осамен, не може да ги види боите, но може според формата да осети дека изработува цвет. Дружбата секој ден овде и овозможува да биде среќна и да се чувствува дека нешто корисно прави.

Повеќе во прилогот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ. 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 18:45
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 20:24

коментари

остави коментар