Во 2 часот беше соопштено дека си дал оставка и пак се врати во советот на општината како советник.

Сите советници присуствуваа се обраа да гласаат за точките на дневен ред,но откако се дозна дека заменик градоначалникот си поднел оставка советниците на ВМРО ДПМНЕ побараа соодветно образложение, дали ваквата одлука е во законска рамка односно за тоа дали тој, како предлагач на точките има право и да гласа за истите.

Се дебатираше по ова прашање дури 2 часа.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ бараше и автентично толкување од Инспекторатот за локална самоуправа.

Но одговорите кои ги добија од страна на претседателот и секретарот на советот неа прифатливи па решија да ја напуштат седницата.

На денешната 50 –та седница на советот на О.Струмица  советниците кои во моментов по оставката на Костадиновски имаат вкупно 12 советници на сметка на советничка група на СДСМ, а паралелно и кворум за работа не беа спречени да го спроведат дневниот ред а истовремено и да го изгласаат.

Советниците на советничката грипа си отидоа,но  по 4 часа седницата доживеа кулминација.Бидејќи општината остана без вршител на должност – заменик градоначалник на точка на дневен ред беше ставена и предлог одлуката за избор на нов.

Повторно беше предложен досегашниот Костадин Костадиновски за што тој и ја прифати одлуката.

Па така после неколку часа пак ја доби функцијата заменик градоначалник на О.Струмица

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 18:26
Стојне Митева
Обновено во: 19:34

коментари

остави коментар