Лажни вести – вака претседателот на САД Доналд Трамп ги нарече информациите дека се води истрага дали и други негови советници во предизборниот тим имале контакти со руски официјални лица.

,,Тие за тоа незнаат ништо. Не биле во Русија. Никогаш телефонски не се јавиле во Русија. Никогаш не примиле повик од Русија. Се се тоа лажни вести“ нагласи Трамп.

Image result for donald trump press conference




Трамп го бранеше својот поранешен советник за национална безбедност Флин за кој рече дека не направил ништо погрешно кога пред инаугурацијата разговарал со рускиот амбасадор. Флин даде оставка бидејќи се утврди дека не пренел прецизно што се  зборувал со Русинот. 

Трамп рече дека нема никаков бизнис во Русија и дека со години не завртел некој телефон во оваа земја. Во ист стил со напад кон медиумите, Трамп одговори и на коментарите дека неговата администрација не се снашла најдобро по инаугурацијата.

,, Ќе вклучам телевизија , ќе отворам весници и гледам пишуваат за хаос. Пишуваат дека сум во хаос а мојата администрација всушност работи како подмачкана и покрај фактот дека имам потешкотии со одобрување на изборот за членови на кабинетот, рече Трамп.

Трамп најави дека неговата админстрација подготвува нов вид на забрана за влез на муслиманите откако судот ја отфрли претходната забрана како диксриминаторска.

„Ќе издадеме нова наредба со која ќе ја заштититиме нашиот народ“ - рече Трамп.

Во меѓувреме вицеадмиралот Роберт Харвард , кого Трамп го именуваше за наследник на Флин на позицијата советник за национална безбедност ја одби понудата на американскиот претседател. Според Ројтерс, Харвард одбил да биде советник  бидејќи  не се согласувал со изборот на луѓе кои  Трамп ги именувал да бидат дел од неговиот тим . 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 17:50
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 18:48

коментари

остави коментар