Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интензитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10 л/м2, а во понеделник претпладне ќе престануваат.

Во недела и во понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 17:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар