Жената е присутна насекаде, но она што го прави посебно нејзиното присуство  е нејзиниот пристап,  нејзината емотивност, интуиција, одлучност и иницијативност,што ја прави  одличен лидер.

Со љубов, посветеност, и упорност може да се биде успешен и покрај сите домашни обврски, воедно да се постигнат и професионалните планови и цели. Женската перспектива е сосема различна од машката, што дополнително ја прави жената – комплетен  лидер , иако во минатото не се гледало така на нејзините способности и таа речиси не била застапена како лидер во општеството.

На дводневниот форум организиран од Сојузот на стопански комори во соработка со Здружението на бизнис жени, беше промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор.

Над 40 еминентни жени лидери како и 300 учесници од пет континенти, меѓу нив  креатори на јавни политики, дипломати и новинари беа дел од Глобалниот самит на жени лидер и ги споделија  искуствата  како е  да се биде жена лидер во 21-от век.


Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 15:18
Ана Торевска
Обновено во: 16:13

коментари

остави коментар