За негова реализација предвидени се 14 милиони и 200 илјади евра, или 2,6 милиони евра повеќе од лани. Во фокусот ќе бидат младите до 29 години и жените. Најголем број нови вработувања - околу 5.000 се очекува да бидат креирани преку проектот „Македонија вработува 2“.

Грантовите за самовработување, во новиот оперативен план ќе бидат зголемени од 3.000 на 4.000 евра. Продолжуваат и грантовите за лицата со попреченост во износ од 4,5 илјади евра, субвенционирањето на компаниите за отворање работни места за овие лица, како и поддршката за отворање приватни детски градинки и старски домови.

Огласите за мерките за вработување, кои ќе стартуваат од понеделник, ќе можат да ги искористат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за како активни баратели на работа.

Донесувањето и спроведувањето на овој оперативен план е уште една исполента обврска од изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ, напиша лидерот на партијата на својот Фејсбук профил.

„Нашата обврска е да креираме нови можности, нови работни места и се додека ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните тоа ќе продолжиме да го правиме трудејќи се и борејќи се се до последниот атом од силата за подобра иднина на секој граѓанин“, напиша Груевски на Фејсбук.

Преку овие, но и другите комплементарни економски политики, програми и мерки, Владата досега создаде услови и поттикна отворање на над 168.000 нови работни места во стопанството, а невработеноста од 38 проценти во 2005 година е намалена на 23,4 проценти во третиот квартал во 2016. Очекувањата се до 2020 невработеноста да падне до 18 проценти. 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 15:00
Ивана Стојановска
Обновено во: 15:04

коментари

остави коментар