Според него разузнавачите во Северна Кореја веќе со години планирале напади и убиство на братот на севернокорејскиот диктатор.

„Тоа беше наредба која мораше да се изврши, без оглед на се. Нивните разузнавачи постојано се подготвуваа за убиство и конечно успеаја во тоа“, рекол Бјунг-Хо.

Братот на Ким Јонг Ун дури му напишал и писмо на севернокорејскиот диктатор во кое го молел да ја укине наредбата за негово убиство.

Јонг Нам преживеал обид за атентат пред пет години и од тогаш се криел во Макао.

За убиството се уапсени две агентки кои му вбризгаа отров во лицето.

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 14:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар