Тракторите веќе еден по еден започнаа да се повлекуваат, а со тоа по 18 дневен прекин повторно ќе профукционира најфреквентниот граничен премин меѓу Македонија и Грција.

И земјоделците кои поставија трактори кај месноста Херсо на 15ина километри од граничниот премин Дојран ќе започнат во текот на денешниот ден да се повлекуваат. А иста е ситуацијата и со оние кои го блокираа автопатот Солун Атина кај градот Лариса.

Единствено, остануваат земјоделците од околината на Лерин да ги одредат нивните следни чекори. Тие, вчера пак, рекоа дека се подготвени да стигнат до граничниот премин Ники-Меџитлија и и ја оставија отворена можноста да постават блокади и да го затворат овој премин. 

Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 11:28
Сања Ристовска

коментари

остави коментар