- Ваквиот живот не беше нејзиниот сон. Тоа е сонот на Доналд - вели Филип Блох, близок пријател на Меланија Трамп за US Magazine.

Меланија се пресели во САД во потрага по кариера во модниот свет. Таа е несреќна во која насока и се заврте животот, тажна е  - велат семејни пријатели на првата дама.

Меланија живее во Њујорк додека нејзиниот син Барон да заврши со училиштето во кое не и е дозволено да го вози самата. Дури ни Барон не успева да ја извлече од дома од каде таа не сака по никоја цена да излезе - пишуваат медиумите. Џими Кимел на 8 февруари рече дека таа е „заробена како Рапунзел во палатата на Трамп“.

Првите денови како прва дама поминуваат со непријатности за Меланија - веќе  на 9 февруари Вог се соочи со закани за бојкот откако Ана Винтур најави дека очекува првата дама да се појави на насловната на магазинот. А во тек е и нејзиниот спор со Дејли мејл кој го поведе за вести во врска со нејзиното минато, и создаде доста критичари кои велат дека таа од новата позиција сака да заработи преку тужење на медиуми!

Сите забележуваат дека Меланија сеуште не организирала ни еден прием како прва дама, додека нејзината претходничка Мишел Обама во првите неколку недели по инаугурацијата на нејзиниот сопруг, приреди два!





Датум на објава: четврток, 16 февруари 2017 во 21:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:28

коментари

остави коментар