Забелешката е впрочем реакција на амандманот на двајцата бугарски пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во кој се бара од албанските власти да ги штитат правата на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора што како член 24 се најде во предлог резолуцијата за Албанија.

Бугарските пратеници не очекувале таква реакција од некој од членовите на Европската Слободна алијанса од каде повторуваат дека постојано ќе реагираат кога има ситуации  кои потврдуваат дека Бугарија има скриена агенда на искривување на вистината за постоење на Македонско малцинство во Албанија.

Усвојувањето на Извештајот за напредокот на Албанија, наиде на остра реакција од страна на здружението на Македонците ,,Илинден ,, од Тирана и на неговиот огранок во Голо Брдо.

„Бугари во Албанија и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема. Потсетуваме дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат Бугари, туку само Македонци. Од Албанската и од Македонската влада бараме да испратат остар демарш до Брисел и Софија за нотификацијата на лажна бугарска историја во европските службени документи и за преименувањето на Македонците во Албанија за Бугари- се вели во реакцијата на Македонците во Албанија .

Реагираше и Светскиот Македонски конгрес кој покрај што побара од Владата да испрати демарши до Брисел и до Софија за преименување на Македонците во Албанија, ја осуди официјална Софија за продолжувањето на политиката на антимакедонизам како официјална политика за негирање на македонскиот народ по сите основи и за влошување на добрососедските односи со Македонија.


Датум на објава: четврток, 16 февруари 2017 во 14:10
Мирјана Трпческа
Обновено во: 16:12

коментари

остави коментар