Најавата дека на централниот настан  ќе има свечено закројување на винова лоза, бесплатна трпеза и пиење, базар за традиционални производи и културно уметничка програма,беа доволни  за невидена турканица на железничката станица во Скопје.

Утрово во редакцијава повеќемина патници кои сакаа да бидат дел од демиркаписката забава реагираа на недоволната информираност од страна на македонски железници дека треба да се извадат бесплатни возни билети, а на станицата биле информирани дека билети нема, бидејќи претходно ги распределиле во повеќе претпријатија.

Од македонски железници пак велат дека возот има капацитет за 300 патници.

Уште во текот на вчерашниот ден тие што биле заинтересирани добиле возни билети, но од утрово за бесплатен возен билет се пријавиле дополнително уште 500 патници – најголем дел од нив пензионери, кои не само што создале неред на железничката станица туку во обид за насилно да влезат во возот повредиле и луѓе од обезбедувањето, а интервенирала и полицијата и специјалната единицата за брзо распоредување.

Поради ова голем број на граѓани кои планираа денеска да отпатуваат во Демир Капија и да го прослават Свети Трифун останаа во Скопје.


Датум на објава: вторник, 14 февруари 2017 во 11:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:41

коментари

остави коментар