Споменикот ќе биде поставен пред палатата Кенисгтон, поранешната резиденција на популарната Лејди Ди. Резиденција во која сега живее нејзиниот син Принцот Вилијам со сопругата Кејт и нивните две деца, Џорџ и принцезата Шарлот.

-Дваесет години по смртта на нашата мајка. Времее со овој споменик да се потврди нејзиното позитивно влијание кое таа го имаше во Велика Британија и светот., истакнаа  принцовите  Вилијам и Хари во соопштението до јавноста.

Британските медиуми пренесуваат дека кралицата Елизабета Втора исто така го подржала планот на принцовите Вилијам и Хари.

Инаку тоа ќе биде четвртиот кип посветен на покојната принцеза, која загина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.

Датум на објава: понеделник, 30 јануари 2017 во 20:54
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:22

коментари

остави коментар