- Осомничените изработиле повеќе лажни документи: потврди од банки со лажен депозит од 10.000 до 40.000 евра, потврди за постојан работен однос, образец М1 и М2 кои ги продавале на разни лица од Прилеп, а тие пак ги користеле за аплицирање за визи за САД, изјави Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола.

Според Димитриевска, засега се знае дека се изготвени лажни документи за три семејства, а не се знае колку досега фалсификувале ниту колку време работеле двајцата осомничени на изгработката на лажните документи.

Првиот осомничен Д.М досега и бил познат на полцијата како сторител на кривични дела. Кривичната пријава е предадена во Основното јавно обвинителство, а се очекува попладнево осомничените да се најдат пред истражен судија. Полицијата бара да им се одреди притвор до 30 дена.

Датум на објава: среда, 03 јули 2013 во 16:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар