Актерката веќе е свршена за Џеси, со кого се запозна минатата година на снимањето на серијата “Фарго”.

Кирстен и Џеси дојдоа заедно на наградите “Златен глобус” во неделата и токму таму се пофалиле со среќната вест.

Двојката за првпат беше забележана како се бакнува во мај 2016-та во Калифорнија само еден месец откако Данст се забавуваше со Герет Хедленд, со кого имаше 4-годишна врска.

Кирстен споделувала досега во интервјуа, дека сонува за идеална свадба и дека веќе сака да создаде семејство.

Разделбата на Кирстен и Герет беше голем шок за фановите кои сметаа дека таа во него го пронашла идеалниот маж со кого ќе го помине животот.

Датум на објава: четврток, 12 јануари 2017 во 12:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар