Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во Њујорк ја одржа неговата прва прес конференција по изборот, а пред неговата инаугурација на 20-ти јануари.

Трамп на прес конференцијата прво одговори на прашањето околу скандалот за наводното хакирање. Притоа тој потврди дека и тој се сомнева  дека тоа е Русија, но дека во тоа учествувале и други поединци и од други  други земји.

Трамп на прес конференцијата најави дека автомобилските компании ги измениле плановите за префрлање на капацитетите во странство, и додаде оти се надева дека и фармацевтската индустрија на која многу и е дозволенo и има голема мок, ќе биде следна. Трамп најави многу подобра и поевтина здравствена заштита, со што всушност потенцира дека ке ја стави ад акта програмата на демократите наречена Обамакер. Трамп и овојпат повторил дека ке останат зголемените даноци за бизнисите во странство, но и дека дефинитивно ке биде подигнат ѕидот со Мексико. На прес конференцијата Трамп одбил да даде одговор на прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен за појавувањето на доверливи документи објавени во медиумите, иако досега во неколку наврати документите ги оцени како лажни.

Датум на објава: четврток, 12 јануари 2017 во 09:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:51

коментари

остави коментар