Како што пренесуваат електронските медиуми, жителите од Борје го  расчистуваат снегот од патот со лопати до селото Глобочица, област Гора во Косово.

Идентична е ситуацијата и во областа Голо Брдо (со 22 села), која се протега долж албанско-македонската граница.

- Најпрво наравивме мали патеки колку да може да поминуваме се до асфалтниот пат, кој селото Требиште во должина од пет километри го поврзува со граничниот премин кај Џепиште на македонско-албанската граница, што до Дебар е  на оддалеченост од петнаесеттина километри. До Џепиште одиме пешки, а потоа со комбиња на превозници од Дебар, а доколку имаме поголем мака и со такси, вели Или Халилај, жител на селото Требиште и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за оваа област.

Тој, додава дека и во изминатите години, а и сега поради близината доаѓаат во Дебар каде ги обезбедуваат најпотребните намирници.

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 20:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар