- Светлото на денот разгледницата го виде благодарение на финансиската поддршка од  Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Меѓу тамошните Македонци најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носии на Македонците во Албанија немаше да биде отпечатена, за што искрено се заблагодаруваме, вели авторот на ова дело, Никола Ѓурѓај.

Тој додава дека оваа финансиската помош им дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја „продолжат праведната борба за македонската национална кауза“.

- Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет, вели Ѓурѓај, кој е познат публицист, новинар и уредник на единствениот печатен медум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“. 

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 18:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар