- Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата, рече Заев.

Како што стои во соопштението, на средбата биле посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе.
- Разговарано е посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава, се наведува во соопштението. 

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 17:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар