По предавање на военото знаме пред присутните се обратија началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и ново поставениот командант на КОД.

Генералот Величковски во своето обраќање го истакна значењето на КОД во системот на одбраната, притоа му порача на новиот командант успешно раководење со оваа команда и постигнување на врвни резултати.

Полковникот Петровски пред присутните ги соопшти понатамошните приоритети на КОД на кои ќе им посвети посебно внимание, особено во обучување и извежбување на персоналот на командите и единиците на АРМ со цел понатамошно подобрување на борбената готовност во овој сегмент.
КОД е потчинета команда на ГШ на АРМ чија мисија е организација, координација и реализација на индивидуална обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, поддршка на колективната обука на командите и единиците на АРМ и развој на доктрините и научените лекции во Армијата. 

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 17:14
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:15

коментари

остави коментар