- За таа цел веќе седми ден освен ЈКПД „Комуналец“ Струмица и Територијалната професионална противпожарна единица –Струмица, од кои се ангажирани 8 возила, ангажирана е и дополнителна механизација на скоро сите градежни оперативи во Струмица со 10 возила. Сите улици во градот и локалните патишта се чистат секојдневно и во континуитет. Екипите на „Комуналец“ дополнително вршат чистење на тротоарите и другите јавни површини во градот, рече секретарот на општина Струмица Кирил Парталов.

Тој информира дека механизацијата на одредени места се соочила со проблеми поради паркираните возила кои го оневозможиле движењето.
- Досега на улиците екипите на ЈПКД „Комуналец“ потрошија околу 20 метри кубни ризла и 25 тони сол. Локалните патишта до сите населените места се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Патниот правец кој од регионалниот пат води кон Попчево и Рич, е од регионален карактер и чистењето треба да биде грижа на државните институции, меѓутоа ние водејќи грижа за сите населени места во општина Струмица, и овој патен правец редовно го одржуваме, рече Парталов.

Апелираше до сите граѓани, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти. 

коментари

остави коментар