Скопје полека но сигурно го превзема приматот, топ туристичка дестинација во земјава. Од агенциите велат дека за разлика од минатото сега има со што да им ја исполнат програмата на гостите. Вложувањата во инфраструктура, како и новите хотели, театри и музеи придонесуваат токму главниот град да се најде на топ листите на реномираните туристички магазини.

За раст на бројот на туристи придонесуваат и евтините авио летови како и субвенциите за секој донесен странски турист. Постојано се зголемуваат дестинациите од каде имаме евтини директни летови но и бројот земји кои добиваат субвенции за посета на Македонија. 


Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 14:59
Борче Пауновски
Обновено во: 15:19

коментари

остави коментар