Според грчките медиуми, проблемот се појавил кај месноста Домокс на половина пат. Освен проблемот со моторот, ситуацијата дополнително ја влошиле и лошите временски услови и лошата состојба на шините со што било тешко да стигне нова локомотива од најблиската железничка станица. По 3 часа неизвесност, возот го продолжил патувањето, а со тоа и патниците, од кои никој не бил повреден, ќе стигнат на нивната дестинација.

Поради лошото време во Грција и снегот кој во одредени делови на земјата веќе неколку дена паѓа непрекинато, грчката железница веројатно ќе го намали бројот на возовите, на дневно ниво, за да нема прекини во сообраќајот.

Освен со железничкиот, во Грција има проблем и со авио сообраќајот. Голем дел од регионалните аеродроми низ помалите грчки градови како и на осторовите, се затворени, летовите се пренасочуваат кон други градови, најчесто кон Атина, а со исти проблеми се соочува и солунскиот аеродром. Некои од летовите доцнат, а два авиони утрово наместо во Солун, слетаа во Атина.  


Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 14:32
Сања Ристовска
Обновено во: 14:37

коментари

остави коментар