Екстремно ниските температури негативно влијаат на луѓето, но се фатални кај уличните животинки. Ние не зависиме од нив, но тие целосно зависат од нас.

Секојдневно гледаме слики и објави за кучиња и мачиња кои се надвор и се борат за живот, но за жал ретко кој реагира повеќе од лајк, коментар или share. Ако чекаше знак, ова е тоа. Вистинска промена е иницијативата, не пасивното набљудување.
Линк од настанот:  https://www.facebook.com/events/1825675327648825/

План на активности:
• Од 17:00 до 18:00 во Јавна Соба се изработуваат куќарки од стиропор и слама (линк со инструкции наскоро) – Само за ограничен број на луѓе поради капацитетот на канцеларијата, останатите можат да ги остават донациите на истото место.
• Од 18:00 поставување на куќарките на различни локации низ градот (мапа наскоро)

Како може да помогнете:
• Со донирање на Анима Мунди:

Денарска сметка: 240090002006130 Депонент: Уни Банка АД – Скопје со назнака „ЗА ТОПОЛ ДОМ“

Или онлајн на следниов линк: https://goo.gl/XGiJNa

• Кутија со донации во Public Room од 17-18:00 (Средствата ќе се користат за подметачи, храна и основни намирници за оние кои веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено од студов)
• Превоз од Јавна соба на одредена локација (по договор)
• Со храна за кучиња, слама, ќебенце/материјали

Посебна благодарност од тимот на Нептун кои ќе не снабдат со стиропор и кутии, како и до Public Room за просторот кои ни го обезбедија за изработка на куќарките - соопштија од Анима Мунди.

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 11:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар