Најмногу жртви, 24, има во Украина, 10 во Белорусија, по шест во Полска, Романија и Словачка, а во земјите од Западен Балкан студот однесе најмалку седум нови жртви. Во Полска, која е најтешко погодена од поларниот студ со температури под минус 20 степени Целзиусови, само во последниве 48 часа починаа уште шест лица. Ист број на жртви од хипотермија, според податоците на романското министерство за здравство, се регистрирани и во Романија. Во земјите од Западен Балкан само во последниве 24 часа се регистрирани седум нови жртви на хипотремија, од кои тројца во Србија. Жртви на студеното време, главно бездомници и мигранти, се регистирани и во Албанија, Бугарија, Италија и Чешка. Студот во Македонија официјално однесе три животи.

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 10:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар