На фестивалската програма утре е отворање на изложбата на академскиот сликар Ниче Василев, а вечерта почнува музичкиот дел од програмата со концерти на Нокаут, ДНК и Фрајле.

Вевчанскиот карневал „Василичари“ ќе биде отворен на 13 јануари на пладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала, заедно со сите маскирани ќе продефилираат низ улиците и ќе ги претстават маските, кои најчесто се инспирирани од актуелните случувања што ја одбележаа тековната година. Во вечерните часови вевчанци и гостите ќе ги забавуваат Ефто Пупиноски и Анета Наковска. Традиционалното палење на маските ќе биде наредниот ден, со што завршуваат вевчанските василичарски денови.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот, која според специфични особини се одвојува од останатите во светот поради својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. /МИА


коментари

остави коментар