Разводот на Анџелина и Бред веќе нема да биде топ тема во светските медиуми.

Разделените Бред и Анџелина во заедничкото соопштение истакнаа дека во иднина за нивниот развод ќе се грижи приватен судија .

„Двете страни и нивните правни советници потпишаа договор за заштита на правата на приватноста на своите деца и семејството. Во иднина сите судски документи ќе се чуваат во тајност. Со ангажирањето на приватен судија сите потребни правни одлуки ќе се решаваат многу брзо. Родителите целосно се фокусирани на фактот заеднички да делуваат на подобрување на семејните односи , се вели во заедничкото соопштение од правните советници на Бред Пит и Анџелина Џоли. 

Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 20:24
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:05

коментари

остави коментар