На доделувањето на наградите во Цирих светот ги види  девојките и сопругите на Ронадло, Марсело, Зидан, Алвеш, Ноер и Тони Крос.

Освојувачот на престижниот трофеј на ФИФА најдобар светски фудбалер за 2016 година, Кристијано Роналдо на доделувањето беше во друштво на синот и девојката Георгина. Мануел Ноер позираше со својата девојка Нина Вејс.

Друштво на Серхио Рамос му правеше убавата Пилар Рубио. Бекот на Јувентус Дени Алвеше ја покажа својата убава девојка Јоан Санц.

Бразилецот Марсело се појави заедно со сопругата Кларис Алвеш. Со својата сопруга Џесика Фарбер беше уште еден член на Реал Мадрид , Германецот Тони Крос.

Со своите сопруги Венеса односно Вероника Фернандез беа и легендите на светскиот фудбал Карлос Пујол и Зинедин Зидан.


Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 18:02
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:03

коментари

остави коментар