Благодарејќи на напредокот во создавањето вештачка интелигенција, сега веќе може да се размислува за создавање групација мини роботи кои може заедно да дејствуваат под водство на човек, сметаат американските воени експерти.

Се работи за таканаречено јато од 103 мини дронови, долги околу 16 сантиметри, кои биле испуштени од три борбени авиони.

Според експертите, најголемата предност е во бројноста на леталата, со којашто може лесно да се совлада непријателската одбрана.

Дроновите сочинуваат „целина чии што делови имаат заеднички ум“, па оттука, секое летало автоматски комуницира со останатите, и во случај кога кон јатото ќе се приклучи нов дрон, и во случај, кога некој дрон ќе биде елиминиран од групата.

Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 15:14
Гоце Герасимовски
Обновено во: 15:14

коментари

остави коментар