Официјално потврдија денеска од клубот Матица македонска.

Во образложението на судот се наведува дека „одлуката на комисијата за лустрација на Божин Павловски се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба“.

Божин Павловски беше лустриран по неговата жестока реакција во медиумите по повод лустрацијата на починатиот академик Славко Јаневски.

Академик Божин Павловски е автор на деветнаесет романи, високо вреднувани од страна на домашната и странската литературна критика.

За своето богато творештво добитник е на национални и меѓународни награди и признанија,меѓу кои на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата во Република Македонија и на интербалканската награда во Солун, Грција.

Негови дела се преведени на: англиски, албански, грчки, турски, романски, полски, чешки, италијански, бугарски, руски, српски, словенечки, украински и француски јазик.

Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 10:40
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:16

коментари

остави коментар