Актерката  Лола Кирк со овој гест покажа што мисли за надреалните стандарди на убавина кои се наметнуваат во филмската индустрија.
Кога зачекори на црвениот тепих во преубавиот цветен фустан, со малку шминка, ги стави рацете на половината и откри дека не ги депилира пазувите. Целиот свет денеска го коментира нејзиниот изглед. Меѓутоа, Лола зрачи со самодоверба, целосно природна.

Додека сите холивудски ѕвезди се подготвуваа за овој важен настан, Лола делуваше како на сето ова да посветила многу малку време. Убавата актерка не ги сокриваше пазувите, а и претходно изјави дека влакната под пазувите ги негува за да го долови својот хипи изглед.

Лола е една од ретките кои форсираат природен изглед и не дозволува Холивуд да влијае на нејзиниот стил.

Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:16

коментари

остави коментар