Иако е роден како девојка, веќе три години живее како маж, па дури и законски е признаен.

Бидејќи се уште не е опериран, туку добива само хормонална терапија, тој решил да роди, а донаторот на спермата го пронашол на Фејсбук и моментално е во четвртиот месец од бременост.

После породувањето хируршки ќе му бидат отстранети јајниците и дојките.

„Се израдував, но исто така знаев дека тоа ќе го забави процесот на промена на полот. Да се носи бебе во утробата е нешто што е поврзано со жените и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега за да го променам полот пред да остарам“ – изјавил тој.

„Ќе го воспитувам детето во опкружување во кое транссексуалноста не е нешто необично, па верувам дека тоа нема да биде проблем“ – изјавил Хајден.

Датум на објава: вторник, 10 јануари 2017 во 09:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар