На автопат во градот Питсбург, ни повеќе ни помалку џиновска макара со кабел, која испаднала од товарен камион.

Возачите мака мачеа да го избегнат котурот, кој неконтролирано се тркалал по патот.

Макарата со пречник од три метри и тежина од еден тон, за среќа не предизвика сериозен инцидент, зашто се заби во бетонската ограда и загуби на брзина.

Необичниот настан го снимил возач од спротивната страна на автопатот.

Датум на објава: понеделник, 09 јануари 2017 во 09:40
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар