Но, не секогаш пониска температура значи и поголема опасност.

Опасноста е во начинот на кои ние се однесуваме на студено, пишува Метеопро.Мк, пренесувајќи студија направена во Велика Британија.

Според студијата што ја пренесува би би си добар пример е лондон, кој во Европа има најголем број на смртни случаи поврзани со ниските температури.

Разликата помеѓу Лондон и далеку постудените градови, како Москва, Осло, Хелсинки итн., е во начинот на облекување на населението.

Англичаните се оние кои најмалку употребуваат шалови, капи и ракавици.

Кога е студено, телото на човекот „гледа“ да ја сочува топлината кон срцето и белите дробови, со тоа што се врши констрикција на површинските крвни садови (оние на кожата).

На тој начин крвта се „згуснува и станува полеплива“.

Токму овој процес подоцна во текот на денот може да биде фатален, односно да доведе до срцеви удари.

Затоа, во овие студени денови во текот на зимата, но и во оние денови кога студот изгледа „понаивно“, не заборавајте добро да се заштитите.

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 14:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар