Таа заедно со нејзината ќерка дошла во болницата каде се родило бебето и барала од медицинскиот персонал да и го дадат „вистинското бебе“ наместо грдото.

„Госпоѓата тврдеше дека децата се заменети и оти е невозможно нејиниот внук да биде грд“, тврди медицинскиот персонал.

Лекарите ја убедувале бабата дека немало замена на бебињата по што таа разочарано се вратила дома.

„Бебето е здраво. Уште еднаш го прегледавме и ги испративме дома, а бабата ја упативме на психијатриско лекување“, истакнаа лекарите.

Според колумбиските медиуми, бебето е дома со своето семејство, а бабата редовно оди на терапии. 

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 12:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар