Драмата околу најпознатиот холивудски пар не стивнува.

Упорноста на Анџелина Џоли децата да бидат со неа во текот на празниците се исплатела, па престојувале во Колорадо, што на нивниот татко Бред Пит му паднало многу тешко.

Меѓутоа, некои извори тврдат дека актерот сепак успеал да ги види, но само еднаш. Како што наведуваат странските медиуми, во текот на средбата не присуствувале сите деца.

Наводно, најстариот син Медокс одбил да се види со својот татко.

Неодамна се пишуваше дека Анџелина е во многу лоша состојба и оти има само 35 килограми.

Веднаш потоа беа објавени фотографии на кои се гледа дека ужива со децата во Колорадо.

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 11:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар