Тунг Хисанг, локален политичар не замина тивко.

Во поворката на неговото последно испраќање, околу 50-ина танчарки на шипка танцуваа и пееја додека ги возеа на шарени теренски возила, заедно со музичари и пејачи.

Снимката од погребот во Чиајаја покажува колона долга неколку километри, а некои моторџии едноставно се приклучувале на поворката штом ги виделе егзотичните танчарки.

Тунг почина по долго боледување во декември минатата година.

Извршувал различни должности во текот на животот. Неговото семејство вели дека ја сакал забавата и дека сакале да го испратат на незаборавен начин.
-Два дена пред погребот, во сон ни рече дека го сака ова, вели неговиот брат.

Можеби не е во склад со вообичаените погреби. но тие на Тајван се прилично екстравагантни.

Забавувачките не само што танцуваат на шипка, туку понекогаш најмуваат и изведуваат стриптиз пред ожалостеното семејство.

Погледнете го видеото:

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар