„Look At Me“ објаснува зошто тоа е така и  зошто се опасни:

Источна Украина



Откако во текот на летото на 2014 година над Доњецка област беше соборен авион на Malaysia Airlines, кој патуваше од Амстердам кон Куала-Лумпур, светската заедница посочи  дека над зона со воени дејствија не е  дозволено да прелетуваат авиони од цивилната авијација.

Оттогаш натаму се избегнуваат слични случаи.

Северниот дел на Ирак и Сирија



Преговорите за воведување на зона без летови над Сирија почнаа по почетокот на граѓанската војна во земјата. Тоа ќе влијае не само граѓанските авиони, но и војската.

Во моментов таму дејствува терористичка група “Исламска држава на Ирак и Левант”.

Синајски полуостров



Во моментов ситуацијата во Египет горе-долу се стабилизираше. На територијата на земјата сепак продолжува да има места, над кои е препорачливо да не прелетуваат големи авиони. Едно од нив е Синајскиот полуостров.

Северниот дел на Етиопија



Северниот дел на земјата не е меѓу немирни воени зони во Африка, но и покрај тоа е препорачливо да биде избегнуван.

Пробелмот е дека пред околу 25 година таму се одвивале главните настани од граѓанската војна. Конфликтот одамна заврши, но во моментов има големи организации кои реагираат остро на историските промени.

Сомалија



Како резултат на граѓанската војна, која започна во 90-тите години на 20 в., Сомалија се распадна на неколку фактички независни државни формации.

Во некои од нив активно дејствуваат терористички групи.

Либија



Зоната без летови за воени авиони над Либија е воведена за време на граѓанската војна во 2011 година

Актуелниот  вооружен конфилкт ја принуди цивилната авијација да бара други патишта.

Јемен



Пејзажот на Јемен како целина е сличен на авганистанските – поради тоа локалните власти тешко се справуваат  со вооружените групи, кои војуваат не само со владата, но и едни со други.

Токму поради тоа авиокомпаниите преферираат да не летаат над Јемен. Или, пак, ако помине, тогаш тоа е на минимум 7 километри височина.

Тибет и Хималаите



Тибет не се смета за немирна територија, но авиолиниите над него и над Хималаите ретко се прелетуваат.

Тоа е поврзано со технички причини: зголемен е ризикот од паѓање во турбуленции поради локалниот релјеф. Така, за да не се помине низ Хималаите, авионите летаат над територијата на Индија.

Архипелагот Сенкаку, Источно кинеско море




Во 2013 година Кина еднострано воведе ограничување  на летовите над спорните територии во Источно Кинеското Море во реонот на островите Сенкаку, кои де факто се контролираат од Јапонија.

Во светското општество овој потег беше определен како легитимен и како повод за разгорување на конфликтот меѓу Кина, Јапонија и Тајван.

Сепак сите авиокомпании беа советувани да се однесуваат со внимание на оваа зона, макар и да е мала.

Датум на објава: сабота, 07 јануари 2017 во 14:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар