После „Династија“ ја паметиме и по улогата во серијата „Melrose Place” и по тоа што во 90-тите години секогаш беше на врвот на листата на најсексапилни актерки.

Денес ситуацијата значително е променета.



За жал, приказната на Хедер е типична за Холивуд и кога славата почнала да го губи својот сјај, актерката им се препуштила на пороците поради кои доживеала нервен слом и завршила на лекување на една приватна клиника.




„Беше пијана и очигледно е дека беше и под некакви лекови бидејќи врескаше и ја фаќаше хистерија. Се спротиставуваше и мораа да ја внесат во клиниката бидејќи немаше поинаков начин“, рекол еден од пријателите на Хедер, пишува „Radar Online”.

Ова не е прв пат 55 – годишната актерка да заврши на лекување, бидејќи пред девет години завршила на одвикнување кога ја фатиле дека вози под дејство на лекови.

Датум на објава: сабота, 07 јануари 2017 во 12:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар