49-годишната актерка призна дека веќе си бара живеалиште во Париз или Лондон.

Таа одамна сонува да го напушти Холивуд. Андерсон откри дека во Европа во моментов живеат поголемиот дел од нејзините блиски пријатели.

Во последните години Памела сè повеќе време посветува на борбата за права на животните и е активистка на многу добротворни кампањи. По преселувањето таа планира да продолжи со добротворноста.

„Се уморив да чекам, кога владите ќе започнат да преземаат сериозни мерки за спречување на климатските промени. Сакам да убедам колку што е можно повеќе луѓе да преминат кон “зелената”, односно еколошка енергија “, рече Андерсон.

Таа се поретко се појавува на големиот екран или на кориците на сјајни списанија.

Сепак во мај нејзините обожаватели ќе можат да ја видат во филмот “Спасувачи на плажата”, иако за кратко во епизодна улога.

Датум на објава: петок, 06 јануари 2017 во 14:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар