Децата и возрасните потрчале кон плажата преполна со црвени, сини и жолти пластични кутивчиња со играчки. Се протегале во должина од неколку километри, пишува „Индекс.хр“.

„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“ – изјавил градоначалникот на Лангеог, Уве Гарелс.

И додека децата биле радосни, на него не му било смешно.

„Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните“ – изјавил Гарел.

Властите веруваат дека киндер јајцата дошле од пет контејнери кои паднале од товарен брод во текот на бурата.

Киндер јајцата на брегот допливале без чоколадната обвивка, а со нив биле и пластични кесички со Lego Star Wars фигури.

Датум на објава: петок, 06 јануари 2017 во 10:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:51

коментари

остави коментар