Сепак, по се изгледа се уште не ги расчистиле сметките.

Познатиот холивудски пар се развел после 15 месеци брак во мај минатата година, кога Амбер Херд ги предала документите за развод на бракот.

Во август тие се договориле актерот да и исплати седум милиони долари.

Меѓутоа, по се изгледа на убава актерка тој износ не и е доволен, иако ветила дека парите ќе ги подари во доброволни цели. Сега бара уште, што Џони Деп посебно го разбеснело.

„Тоа е нејзин безобразен обид да ужива во 15 минути слава, што нема да и го дозволам“ – изјавил Деп и додал дека ќе се потруди неговата поранешна сопруга да не добие ниту цент од него.

Датум на објава: петок, 06 јануари 2017 во 09:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар