Сепак, пред тоа ќе мора да ги реши здравствените проблеми. Како што наведуваат странските медиуми, пејачот ќе мора на лекување со електрошокови, за да ги ублажи болките во вратот, рацете и ‘рбетот.

„Ќе биде непријатно, но Фил е храбар човек и спремен е на се“ – изјавија неговите соработници.

Колинс веќе подолго време има здравствени проблеми, пред минатата година го оперираше ‘рбетот, а потоа го изгуби осетот во левата нога.

Заздравувањето беше бавно и бараше многу трпение, а како класичната терапија не му помогна, пејачот се одлучи за посилна терапија за да се врати во форма.

„Многу сакам да направам турнеја, но свесен сум дека имам 65 години и дека се зависи исклучиво од моето здравје. Да се иде на било кое поголемо патување со вакви проблеми за мене буквално значи одење во војна – никогаш не знам кога и во каква состојба ќе се вратам“ – изјави неодамна Колинс.

Датум на објава: четврток, 05 јануари 2017 во 11:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар