„Имаме мали пријатели, духови. Тие се многу пријателски настроени, но понекогаш чувствувате дека не сте целосно сами“ – изјавила кралицата Силвија во документарецот кој ќе биде емитуван во четврток.

Шведската кралица смета дека е “многу возбудливо“ да се имаат духови во палатата и истакнува дека не се плаши.

Нејзината сестра, кралицата Кристина, согласна е со својата сестра, пренесе „АП“.

Палатата Дротнингхолм, која е на листата на УНЕСКО за заштита на материјалното културно наследство, изградена е на крајот на 16 век на островот Ловон во Стокхолм. Таа е постојана резиденција на кралот Карло XVI Густаф и кралицата Силвија.

Датум на објава: среда, 04 јануари 2017 во 22:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар