Познатата пејачка стана мајка на 50 години и доби син, кој го нарече Еис Ал Ман.

„Породувањето помина без проблеми и таа во моментов се одмора“ – се наведува во соопштението на нејзиниот ПР тим.

Иако не зборувала премногу околу бременоста, ниту се појавувала во јавноста, Џенет неколку пати е фотографирана со својот сопруг Висам Ал Ман, катарски бизнисмен за кој се омажи во 2012 година.

Многу извори во текот на нејзината бременост давале изјави за „Пипл“, наведувајќи дека Џенет не е задоволна со својот изглед, а една од причините поради која не се појавувала во јавноста е ризичната бременост поради нејзините години.

За тоа дека таа силно посакувала да стане мајка сведочи и фактот што таа изјавила дека во случај да не може по природен пат да добие дете, ќе размисли за посвојување.

Датум на објава: среда, 04 јануари 2017 во 17:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар