Советите до граѓаните во ваква состојба на ниски температури до минус 20 степени и снег е да се сведат на минимум излегувањата особено наутро и навечер или ако тоа се прави топло да се облечат и да се внимава на обувките да не се лизгаат. Хронично болните во овие два дена да се снабдат со лекови а препораките до брзата помош и болниците е да имаат доволно персонал, лекови и легла. Работниците на отворено да прават паузи на секој два часа по половина час во топли простории а трудниците и постарите лица да седат дома на топло. Предвиден е и план за згрижување на сите бездомници во ваквите услови.


Комбинација од снег и студ е она што се надеваат дека нема да биде во драстични размери но за што се подготвуваат надлежните служби. Веќе се разработуваат акциски планови за критични точки за поделба на екипи за расчистување и превентивно делување во рамките на владиниот управувачки комитет

Од градските власти на Скопје велат дека зимската служба е подготвена за справување со очекуваното невреме а ги потсетуваат  граѓаните дека имаат обврска да ги расчистуваат од снег пристапните патеки до нивните објекти, приватни или деловни со што ќе помогнат за справување со оваа состојба.

Автомотосојузот на Македонија ги советува возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот. Ако тргнуваат на пат да се информираат за моменталната состојба на патиштата, добро би им дошла и една контрола на возилото дали е се во ред со антифризот, кочниците и светлата и задолжително да имаат ланци или зимски гуми .

Сите препораки на надлежните се во претстојните денови од викендот да се внимава при возењето и да се направат подготовки за очекуваните ниски температури проследени со снег.


Датум на објава: среда, 04 јануари 2017 во 14:54
Игор Манасиевски
Обновено во: 18:38

коментари

остави коментар